Одржана крводарителска акција во велешката касарна
Објавено на 15 јули, 2022 во 14:45
Вкупно 21 крвни единици беа собрани на денешната крводарителската акција којашто беше организирана во велешката касарна. Шенаесет мажи и пет жени ја подадоа својата рака и ја даруваа најскапоцената течност – крв, со цел да помогнат и спасат човечки живот.
Од велешкиот црвен крст информираат дека за време на истата учествувале двајца волонтери од Клубот на млади.
Оваа крводарителска акција во месец јули ја реализираа Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Стефани Манева