ОИК Велес: До 15 часот излегле и гласале 39,22 % за Претседател и 39,80 % за Пратеници
Објавено на 8 мај, 2024 во 16:09
Вкупно 17 илјади 593 велешани или 39,22% од вкупно 44 илјади 858 запишани во Единствениот избирачки список до 15 часот излегоа и го дадоа својот глас за еден од двајцата кандидати за Претседател на државата на денешниот изборен ден. Излезноста во проценти изнесува 39,22 отсто. Споредено со излезноста од пред две недели таа изнесуваше 17459 или 38,93 %
Сосема мала е разликата споредено со излезноста на велешани кои гласаа и на второто гласачко на кое се наоѓаат партиите со кандидати за пратеници во новиот состав на Собранието. Од вкупно запишани 44 илјади 954 избирачи гласаа 17 илјади 888 граѓани или 39,80%, соопштија од Општинската изборна комисија Велес.
Убавка Јаневска