Општина Градско одбележа 29 години постоење

Објавено: 17 декември, 2025, во 12:02 часот

Во духот на заедништвото, традицијата и почитта кон минатото, Општина Градско свечено го одбележа 16 Декември – Денот на општината и 29-годишнината од нејзиното постоење. Овој значаен датум беше одбележан со богата програма што ги обедини граѓаните, институциите и гостите околу заедничката цел, афирмација на локалните вредности и идниот развој на општината.

Чествувањето започна со положување свежо цвеќе на споменикот на Златко Владов, при што беше оддадена достојна почит кон неговото дело и неговиот траен придонес за татковината. Овој чин ја нагласи важноста на историското паметење и почитта кон оние кои оставиле силен белег во општеството.

Во текот на денот беше организиран и базар на локални производи, каде вредните производители од општината ги презентираа своите домашни, автентични и квалитетни производи. Настанот ја истакна креативноста, традицијата и економскиот потенцијал на Градско, предизвикувајќи голем интерес кај посетителите.

Централниот настан се одржа во Домот на културата, каде во присуство на бројни граѓани и гости свечено беа доделени општинските награди на поединци и колективи кои со својата посветеност и резултати придонеле за развојот и афирмацијата на локалната заедница.

Одбележувањето на Денот на општина Градско уште еднаш потврди дека оваа заедница има силни корени, богата традиција и јасна визија за иднината, насочена кон одржлив развој и подобар живот за сите нејзини жители.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.