Основен суд Велес определи притвор за велешанката П.И, осомничена за убиство на невенчаниот сопруг

Објавено на 30 септември, 2021 во 11:41

Основното јавно обвинителство  Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна Н.П од Велес за кривично дело, убиство.

Според обвинителството вчера, 29 септември, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство го лишила од живот 40 годишниот маж со кого живеела во вонбрачна заедница.

По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош којашто завршила  со смртна последица.

„Имајќи ги предвид видот, тежината на кривичното дело и запретената казна, наоѓајќи дека осомничената може да се даде во бегство или да ги уништи и сокрие трагите од предметното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор за обезбедување на нејзиното присуство во текот на постапката. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена, соопшти Основно јавно обвинителство Велес.

Убавка Јаневска​

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.