Отстранета стара граната од река Вардар кај „Мало мовче“

Глетката што вчера во претпладневните часови ги затекна случајните минувачи, најголем дел од нив пазарџии, внесе паника се додека не беше потврдено од официјалните институции дека станува збор за стара граната што не може да предизвика проблеми по безбедноста врз животот. Велешани шпекулираа дека станува збор за откриена бомба, дел од нив и запоставен некаков вид на експлозивна направа во водите на Вардар кај велешко „Мало мовче“.
Се до официјалното потврдување на веста низ градот кружеа уште неколку не официјални ифнормации за тоа што беше причина од полициската станица во Велес да бидат повикани експерти од Скопје за да утврдат дека сепак станува збор за експлозивна направа поточно граната.
Инаку, триесет и осум годишниот А.С од село Извор забележал дека едно машко лице од водите на река Вардар вади граната и случајот го пријавил во Сектор за внатрешни работи Велес во 08:25 часот.
-Во содејство со Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е обезбедена и извлечена од водите на реката Вардар, соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Оттаму додаваат дека увид извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева
