Паѓа снег по втор пат денеска во Велес – се трупаат нови снегулки (фото и видео)
Објавено: 21 јануари, 2026, во 18:33 часот
Паѓаат покрупни снегулки во моментов откако утринската снежна покривка во Велес остана само на покривите на куќите во градот. Снегот на коловозите и на тротоарите на улиците се претвори во кашеста смеса додека на бетонските коловози низ сокаците и маалата целосно се стопи.
Новите снежни врнежи, во предвечерјето на 21 декември, на температура од нула степени создаваат посебна глетка на која освен децата се радуваат и возрасните. Снегот го прочисти воздухот во градот и сега се трупа. Доколку не е премногу воден можеби ќе се задржи повеќе од утринскиот.
Еве како изгледа велешка улица во 18:30 часот.
Убавка Јаневска


