Реакција на ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ги затвори фабриките во Велес
Понебулозни се прес конференциите на СДСМ како се наближува денот на изборите 11 декември, па мислат дека со рециклирање на нивните губитнички програми во ново пакување, ќе ја добијат девербата кај народот. Со ваква реакција излегоа од ВМРО ДПМНЕ во Велес. Според нив директори на СДСМ ги обезвреднувале велешките фирми и ги трупале во долгови и на крај ги затвориле, а на улица оставиле илјадници граѓани без работа.
– За СДСМ независно судство значи директно мешање и контрола во работата на судиите. Впрочем многу добро го паметиме времето кога раководството на СДСМ поставуваше роднини за судии и стечајни управници, за потоа фабриките во Велес преку стечајни постапки да ги добијат луѓе блиски на СДСМ. Денес истите тие судии и стечајни управници ги гледаме во првите редови на партиските собиранки на СДСМ, стои во писмената реакција на ДПМНЕ.
Според ВМРО ДПМНЕ, за се она што сториле во минатото, народот ќе ги казнел на 11 декември./Д.С
