Ѓорѓи Коџабашиев: Ограничување на данокот на добивка за компаниите кои ќе го финансираат спортот
Подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани, подобрување на спортската инфраструктура и создавање на современи спортски капацитети, најави кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Ѓорѓи Коџабашиев.
Ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои финансираат спортски клубови, спортисти и спортски федерации е е ден од приоритетните проекти во програмата РЕАЛНО со кој се очекува поголем интерес кај фирмите да вложуваат во спортот, рече Коџабашиев.
– Во Општина Велес предвидовме реконструкција на спортска сала Гемиџии. Ќе ставиме крај на најголемиот проблем, протекувањето на покривот кој се провлекува од отворањето на објектот. Рокот за реализација на проектот е до април 2017 година, за што ќе бидат финасирани седум милиони денари. Масовниот спорт не треба да биде привилегија само на жителите во урбаните средини, затоа во програмата предвидовме изградба на спортско игралиште во село Црквино. Проектот во вредност од пет милиони денари ќе биде готов до јуни 2017 година, рече Коџабашиев.
Кандидатот за пратеник најави изградба на три терени за кошаркарски игралишта на различни локации во градот. Тие ќе биле со соодветна подлога која ќе можела да се користи на сите временски услови, соодветно осветлени и со потребни реквизити за овој спорт./Д.С