Пеколните горештини ја зголемија за 12л/с дневната потрошувачката на вода за пиење во Велес
За 12 литри во секунда е зголемена потрошувачката на вода за пиење неделава во споредба со просечната дневна количина во месец јуни, годинава. Според податоците на Филтерна станица или Фабрика за преработка на вода за пиење во Велес, која е дел од Јавното комунално претпријатие „Дервен“, просечната дневна количина која што ја испорачувале на велешани во месец јуни изнесувала 178 литри во секунда. Оваа бројка на количеството на потрошена вода не отстапува од просекот забележан во изминатите години, појаснија од ЈКП„Дервен“.
Сепак нагло зголемување од 12 литри во секунда вода за пиење се регистрира од почетокот на оваа седмица на месец јули и особено во изминатите неколку дена кога е постигната потрошувачка на 190 литри во секунда.
Во услови на тропски горештини и високи температури како во денот така и во ноќните часови граѓаните имаат потреба од поголема количина на вода. Освен за одржување на хигиена видлива е и потребата за разладување на дворните места,сокаците и маалата. Тоа нема да се одрази на снабдувањето на Велес со вода.
Дума.мк пред две недели објави информација од ЈП„Лисиче“ кога ги пренесе информациите на инжинерите во кои тие соопштија дека акумулацијата на браната е полна со вода и нема да има проблеми со водоснабдувањето на Велес.
Убавка Јаневска