Пешак почина по удар од товарно возило во Неготино
Објавено на 28 февруари, 2024 во 15:58
На паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, дваесет и седум годишниот А.З од село Глумово, општина Сарај, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во седумдесет и пет годишниот неготинец С.Т кој од здобиените повреди починал на лице место.
-Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Несреќата во Одделение за внатрешни работи Неготино била пријавена денеска, 28 февруари во 12:25 часот.
Стефани Манева