По силното невреме во Неготино деветнаесет пожарникари работеле на санирање на штети

Објавено на 17 август, 2022 во 09:40

Невремето што вчера го зафатило Неготинско однело неколку покриви од куќи а блокиран бил и пат помеѓу две села поради паднати дрвја. Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино, проследено со силен ветер и поројни дождови.

-Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За санирање на штети на терен биле ангажирани 13 пожарникари со три против пожарни возила од ТППЕ Неготино и шест пожарникари со две против пожарни возила и две пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци, информираат утрово од ЦУК.

Активностите на екипите се завршени до 23.00 часот.

Инаку, според Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК, само уште пет до десет минути да потраело невремето би било вистинска катастрофа за Неготино. Тој нагласил и дека дополнително ќе се утврдуваат штети, меѓу другото и кај земјоделските култури.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.