По три дена бегство, уапсен насилникот кој тепал малолетничка во Велес – се криел кај друг велешанец

Објавено на 16 јуни, 2025 во 13:25

Дваесет и три годишниот С.У. од Велес, за кој пред два дена пишуваше Дума.мк дека нападнал малолетничка и се зканувал со метален предмет, ноќеска, половина час после полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес.

По неколкудневна потрага, С.У. бил пронајден во домот на 61-годишниот Е.Х. од Велес, кој го сокривал и кој е лишен од слобода бидејќи го криел велешанецот. Двајцата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Инаку, според информациите од полицијата, нападот врз малолетничката се случил на 13 јуни 2025 година, на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, каде С.У. ја нападнал со метален предмет и упатувал закани кон нејзината 27-годишна мајка. За време на приведувањето, осомничениот давал активен отпор, заканувајќи се со остри предмети и на полициските службеници и покрај испуканите предупредувачки куршуми.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.