Почина лице на 55 годишна возраст од Ковид -19 во велешка болница

Објавено на 10 септември, 2021 во 19:29

Починатото лице е жена од село Горно Јаболчиште.

Денеска во ЈЗУ„Општа болница“ Велес вкупно се хоспитализирани  68 пациенти. Од нив 46 пациенти се потврдено позитивни, седум се сомнителни  и 15 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 38 пациенти.

Од вкупниот број на Инфективно одделение се лекуваат 43, во Модуларна болница 17 и на Интерно одделение осум пациенти.

Денеска од велешка болница испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.