Почина жена од коронавирус, во велешка болница хоспитализирани 52 пациенти
Објавено на 17 ноември, 2021 во 09:53
Жената e на возраст од 79 години од село Оморани. Во ЈЗУ Општа болница Велес денеска се лекуваат 52 ковид пациенти од кои 33 се потврдени позитивни , пет пациенти се сомнителни и 14 пациенти се со негативен тест но задржани на боличко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 19, на Интерно одделение 11 пациенти и во Модуларна болница 22 ковид пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Елена Левкова Ќулумова.
На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти.
Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на Инфективно одделение и испишани од болничко лекување се четворица пациенти како оздравени.
Стефани Манева