Почина жена од Ковид-19 во ЈЗУ Општа болница Велес
Објавено на 23 февруари, 2022 во 10:06
Пациентката била на осумдесет и девет годишна возраст од Велес, со коморбидитети и ковид пневмонија.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 28 ковид пациенти од кои 16 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и 11 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се 14 пациенти. Во изминатите 24 часа еден пациент, маж на 80 годишна возраст е транспортиран во приватна клиника во Скопје, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 13, на Интерно Б одделение тројца и на Физикална – Ковид одделението 12 пациенти.
Од болничко лекување испишани се двајца пациенти.
Стефани Манева