Почина жена од Ковид-19 во велешка болница

Објавено на 17 јануари, 2022 во 11:30

Жената била на шеесет годишна возраст од Велес, со хипертензија, дијабет и ковид пневмонија. 

Во велешка болница хоспитализирани се 29 ковид пациенти од кои 19 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани се на болничко лекување. Направен е транфер на еден пациент на четириесет и три годишна возраст на Инфективна клиника.

-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 24 пациенти и на Интерно Б одделение пет пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се осум пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа еден пациент е примен на болничко лекување и двајца пациенти се испишани од болница.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.