Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 1 февруари, 2022 во 12:49
Жената била на шеесет и три годишна возраст од Свети Николе со ковид пневмониа.
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 73 ковид пациенти од кои 46 се потврдени позитивни, девет пациенти се сомнителни и 18 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примени се пет пациенти на Инфективно одделение од кои тројца се преместени од Интерно одделение на Физикална. Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 55, на Интерно одделение 13 пациенти и пет на Физикална, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 24 пациенти.
Од болничко лекување испишан е еден пациент.
Стефани Манева