Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 11 февруари, 2022 во 11:32
Жената била на 81 годишна возраст од Велес.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 57 ковид пациенти од кои 41 се потврдени позитивни, четворица пациенти се сомнителни и 12 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На болничко лекување во изминатите 24 часа примен е еден пациенти и еден пациент е преместен од Интерно одделение на Физикална – ковид одделението. На кислородна поддршка се 21, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 39, на Интерно Б одделение и Физикална – ковид одделението по девет пациенти.
Од болничко лекување испишани се шест пациенти.
Стефани Манева