Починат маж пронајден во дом во Неготино

Објавено: 16 јануари, 2026, во 11:03 часот
Фото: Архива на Дума.мк од село Пепелиште, Неготино

Четириесет и девет годишниот С.В пронајден е мртов во својот дом во село Пепелиште, кај Неготино. Неговата смрт е пријавена во Одделение за внатрешни работи Неготино вчера утро, во 08:55 часот.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.