Подобар живот за лицата со попреченост побара граѓанскиот сектор од кандидатите за Градоначалник и за членови на Совет на Општина Неготино

Објавено на 8 октомври, 2025 во 09:13

Настан на тема  „Соочување со предизвиците и стигматизацијата” се одржа во Неготино на кои присуствуваа кандидатите за Градоначалник и носителите на листи како и кандидати за членови во Советот на Општина Неготино.

Организаторите, три граѓански организации, „Порака” од Неготино, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, како и Здружение за заштита и унапредување на животната средина „Еко – живот” од Кавадарци, соопштија дека целта е иницирање промени во законите за здравствена заштита и за социјална заштита. Присутните разговараа за програмите на учесниците во локалните избори и создавањето на услови за подобар живот на лицата со попречености.  

Настанот е дел од регионален  проект преку програмата на Цивика Мобилитас, поддржан од Владата на Швајцарија, што заеднички го спроведуваат трите граѓански организации од Неготино, од Велес и од Кавадарци.

Целта на спроведените проектни активности се подобрена здравствена заштита на лицата со попреченост во сите три нивоа на здравствена заштита.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.