Полицијата го соопшти идентитетот на загинатиот работник од кавадаречко
Објавено на 22 јули, 2021 во 14:07

Сектор за внатрешни работи Велес, денеска соопшти дека вчера околу 12:00 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово и управувано од П.М (21) додека вршело ископ во водите на реката Вардар во атар на село Црвени Брегови, се превртело во реката.
-Возачот П.М загина на лице место додека совозачот, деветнаесет годишниот Д.Е, од село Марена се здобил со телесни повреди кои биле констатирани во болницата во Неготино, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
На местото на несреќата бил извршен увид а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Стефани Манева
