Полицијата лиши од слобода тројца дилери на дрога, извршени претреси во Свети Николе

Објавено на 7 ноември, 2021 во 15:07

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговијасо дрога и оружје при СВР Штип, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и ОВР Свети Николе денеска ги лиши од слобода A.J.(37), И.Н.(34) и И.Д.(36) поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По претходно добиена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес во неколку објекти на подрачјето на ОВР Свети Николе, при што била пронајдена и одземена поголема количина на марихуана.

По насока на Јавен обвинител против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.