Полицијата приведе три лица,од Велес и од Чашка, за недозволено поседување на оружје
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија и оружје на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, поради поседување на оружје без дозвола ги лишиле од слобода П.П.(51) од село Плевење, во општина Чашка, Т.С.(78) од село Теово во општина Чашка и Н.Ш.(28) од Велес.
„По преземени мерки било дојдено до сознание дека П.П. поседува огнено оружје. Во службен разговор со него, П.П. изјавил дека поседува една пушка карабин која била во домот на Н.Ш, кој доброволно ја предал на полициските службеници заедно со неколку куршуми од различен калибар додека Т.С. на полициските службеници им предал една ловечка пушка калибар 16 мм и две воздушни пушки калибар 5,5мм и калибар 4,5мм,“ соопшти СВР Велес.
Откако лицата биле приведени во полициска станица бил известен Јавен обвинител. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Убавка Јаневска