Полицијата трага по старицата од село Бистрица во Општина Чашка чија куќа, минатата среда, целосно е опожарена
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/02/Foto-SVRVelessologo-2.png)
Сектор за внатрешни работи Велес превзема мерки за пронаоѓање на 82 годишната М.А од село Бистрица во општина Чашка чија куќа целосно е опожарена во пожар на 5 февруари, вечерта, околу 22 часот. Некои од медиумите веднаш по настанот информираа дека во куќата било пронајдено опожарено човечко тело но денеска од СВР Велес излегоа со сосема други информации.
Вечерта на 5 февруари, во селото Бистрица, излегле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес По направениот увид полициски службеници и екипа на Јавно комунално претпријатие „Тополка“, на Општина Чашка, неколку денови потоа вршеле пребарување во остатоците од куќата и не пронашле човечко тело. Затоа вчера попладне во 14:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес, внукот на старицата, 53 годишниот О.М. од Велес, ја пријавил како исчезната.
Според полицијата, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Оттаму потсетуваат дека на 5 февруари, годинава, било пријавено дека околу 22:20 часот во село Бистрица, општина Чашка, настанал пожар во куќа, сопственост на 82 годишната М.А. Куќата а која куќа која била целосно опожарена.
Како што информираат од СВР Велес, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а по кажување на очевидците, сопственичката М.А. последен пат во куќата била видена истиот ден.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)