Полициски билтен: Крадци натепале и ограбиле жена во дом во Бистрица
Објавено на 15 декември, 2021 во 13:14
Седумдесет и едно годишната З.Ѓ од село Бистрица, Општина Чашка, околу полноќ пријавила во СВР Велес дека во нејзината куќа била физички нападната од три лица кои потоа и одземале пари.
Исто така, полициските службеници на СВР Велес, час и половина по полноќ, го лишиле од слобода триесет и шест годишниот Д.П од Велес. По преземени мерки и при преглед на неговиот двор биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана и амфетамин.
Од СВР Велес информираат дека на двата настана бил извршен увид од страна на полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Стефани Манева