Театарска урнебесна комедија во Кавадарци: „Жена ми се вика Борис“ повторно на сцената

Објавено на 6 мај, 2025 во 10:57

Театарската сцена во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци повторно ќе оживее со смеа и аплаузи во понеделник, на 12 мај 2025 година, од 20:00 часот, кога репризно ќе се изведе урнебесната комедија „Жена ми се вика Борис“.

Претставата, работена според текстот на познатиот француски драмски писател Рафи Шарт, е во адаптација и режија на Диме Боцев. Станува збор за современа фарса полна со забуни, замена на идентитети и вртоглави ситуации, што ќе го држат вниманието на публиката до самиот крај.

На сцената ќе настапат Видан Станоев, Диме Боцев, Благица Боцева, Анастасија Данаилова, Саше Орешков, Цветанка Прочков и Александар Малинков. За костимографијата се погрижи Сара Милевска, додека суфлери се Христина Станоева и Елена Лазова. Техничката реализација со тон и светло е доверена на Пепи Ангелов, а сценографијата ја изработија Диме Темков, Тони Туриманџов и тимот на Домот на културата Кавадарци.

Претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија и веќе се најавува како театарски хит кој не се пропушта.

Билетите, по цена од 150 денари, можат да се резервираат со СМС порака на телефонскиот број 075-347-370, со задолжително наведување на датумот, името и презимето и бројот на билети. Резервираните билети мора да се подигнат најдоцна до петок, 9 мај, во административните простории на Домот на културата. Билетите кои нема да бидат подигнати ќе бидат пуштени во слободна продажба. Дополнителни билети ќе бидат достапни и на билетарницата два часа пред почетокот на претставата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.