После една година, велешката болница без пациенти позитивни на ковид-19

Објавено на 18 јуни, 2021 во 18:13
ЈЗУ „Општа болница Велес“

Во Ковид центарот на Инфективното одделение во Велес, после една година и неколку месеци, за прв пат, нема пациенти кои се позитивни на корона вирусот. Во моментов хоспитализирани во Општа болница Велес се тројца пациенти. Тие се негативни на ковид-19, но имаат потреба од болничко лекување.

-На кислородна поддршка е само еден пациенти, соопшти потпаролката Д-р Елеонора Јованова.

Од болничките пациенти еден се лекува на Инфективно одделение и двајца на Интерно одделение.  

Во ковид статистиката на Министерството за здравство внесени се само три активни случаи во Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.