Повисока излезност на денешниот изборен ден во споредба со првиот круг на Претседателски избори 2024 во Општина Велес
Објавено на 8 мај, 2024 во 09:59
Општинската Изборна комисија Велес ја соопшти излезноста во првите два часа на денешните Претседателски и Парламентарни избори 2024 на 84 Избирачки места во Општина Велес.
„Во првите два часа за кандидатите за Претседател гласале 2794 граѓани од вкупно запишаните 44 илјади 858 во Единствениот избирачки список што во проценти изнесува 6,38. Исто така и за листата за избор на новиот состав на Собрание каде од вкупно запишани 44 илјади 954 избирачи правото на избор го искористиле 2763 граѓани или 6,29%, “ соопшти Ребека Бајдевска Ѓошева од Општинска Изборна комисија Велес.
Во споредба со првиот круг на Претседателски избори 2024 излезноста во првите два часа е повисока за околу 1,5 %.
Убавка Јаневска