Повторно казни за брзо возење на територија на СВР Велес
Објавено на 1 јуни, 2022 во 09:39
На територија на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 35 возачи.
-Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Стефани Манева