Повторно шверц на мигранти, криумчарот избегал
Објавено на 6 март, 2023 во 11:39
Два часа по полноќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија – Скопје, после клучката Смоквица, дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со кумановски регистарски. Криумчарот на мигранти, поточно возачот го напуштил возилото.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека при преглед во возилото биле пронајдени 20 лица мигранти од кои 18 од Конго, едно лице од Камерун и едно лице од Авганистан. Тие иле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева