Пожарникарите на ТППЕ Велес без интервенции во новогодишната ноќ, задоволни од одговорните сограѓани

Не заѕвонил ниту еднаш дежурниот телефон 193 во текот на новогодишната ноќ потврдија дежурните пожарникари на Територијалната противпожарна единица во Велес.
-Потреба од интервенција немаше ни ноќеска ниту во изминатите неколку дена. Последната интервенција којашто ја имавме во минатата година се случи на 30 декември кога се запали контејнер на улицата „Лазо Осмаков“. Посакуваме граѓаните да продолжат да бидат одговорни и во новата година и во исто време да бидат претпазливи кога се во прашање личната, безбедноста на нивните домови и секако на јавните објекти и површини, рече командирот на смена Ивица Поповски.
Бидејќи пожарникарите освен за гаснење на пожари интервенираат и при тешки сообраќајни несреќи една од нивните желби во новата 2024 година се однесува и на внимателноста со управувањето на возилата и учеството на граѓаните во сообраќајот: „Да не се случи ниту една сообраќајна незгода во новата година“.
Убавка Јаневска
–
