Пожарот кај селата Оморани и Степанци се гасне од земја и од воздух
Се уште е активен пожарот во село Степанци, Општина Чашка кој се движи во правецот кон манастирот Пресвета Богородица. Со пожарот е зафатена лисна маса и мешана шума што предизвикува големо чадење, додека теренот е стрмен и многу непристапен, информираат од Центар за управување со кризи.
Во негово гаснење интервенираат МВР и АРМ со по 25 лица, 10 лица од ЈП НШ Бабуна Велес, пет пожарникари од ТППЕ Велес, десетина лица од месно население, како и неколку лица ЕЛС Чашка.
-Од утрово интервенира и хеликоптер на МВР, како и Ер трактор на ДЗС, додаваат од ЦУК.
Пожарот кај село Оморани, во Општина Чашка, кој исто така повторно избувна во саботата, според ЦУК, на планината Мукос во месноста викана Котева Круша, атар на село Оморани, е изгаснат од дождот.
Дума.мк