Прекин на водоснабдувањето на три улици во Велес
Објавено: 20 јануари, 2026, во 10:27 часот
Јавното комунално претпријатие Дервен ги информира граѓаните кои живеат на улиците „Благој Ѓорев“, „Осма Велешка бригада“ и „Костурска“ дека нивни екипи интервенираат на отстранување на дефекти во водоснабдителната мрежа.
„Поради неопходни работни активности за отстранување на дефект на водоводна линија прекин на водоснабдувањето има на ул. Благој Ѓорев, ул. Осма Велешка бригада и дел од ул. Костурска, се до завршување на работите,“ соопштија од „Дервен“.
Убавка Јаневска


