Претпладне на „Оптири лајлам“ а попладне и вечерва на „Прочка“ во Велес (видео и фото)
Објавено на 6 март, 2022 во 23:57

Студеното време, дождот и снегот годинава ги поколеба прочкарчињата да затропаат на влезните врати на граганите и да го навестат славењето на верскиот празник Прочка. Сепак исклучоци беа најхрабрите. Овие две дечиња денеска ја испеаја песната „Оптири лајлам“ . Двајцата мали лекари поделија и флаери со предлози што се треба да се зема за да се остане здрав.
Ако претпладнето пееја во чест на празникот, прочкарчињата попладнево и вечерва, ја слават Прочка во своите домови. Традиција во Велес е пеењето на песната низ сокаците и маалата.


Убавка Јаневска
