Претседателката на СДСМ Велес, Даница Чадиева со реакција на пресот на градоначалникот Марко Колев

Објавено на 25 август, 2023 во 11:30

Претседателката на Општинската организација на СДСМ, Даница Чадиева, прво реагираше на присуството на членови на партијата ВМРО ДПМНЕ коишто се вработени во администрација, јавно претпријатие или училишта, во работно време, на прес конференцијата на Градоначалникот Марко Колев на која беше присутен и претседателот на ВМРО ДПМНЕ,Христијан Мицковски.

Чадиева откако рече дека проектите кои повторно биле промовирани во средата на 23 август, се проекти на владата и на локалната самоуправа од мандат на СДСМ, упати неколку прашања до градоначалникот Марко Колев, поврзани со јавната градска хигиена, со уличното осветлување, со бездомните кучиња како и прашање за склучен договор „со фирма блиска на ВМРО-ДПМНЕ уште од времето на Груевски, обвинета за проневера на пари од страна на СЈО во предметот „Труст“ која што ќе реконструирала улици во Велес.

Синоќешната изјава на Даница Чадиева ја пренесуваме во целост:

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.