Превентивна активност на СВР Велес и РСБСП за побезбеден сообраќај во Кавадарци
Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата како и полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци, вчера, 17 јануари, спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот на подрачјето на Кавадарци.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, кампањата „Паркирај одговорно – паркирај совесно“, во непосредна комуникација со граѓаните, посебно со возачите, укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во поглед на правилно и совесно паркирање на возилата на означени паркинг места и паркирилишта во градот
За време на активноста, полициските службеници делеа едукативни летоци со информативна содржина и испечатени во соработка со РСБСП.
Стефани Манева