Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај во Кавадарци
Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, на 2 октомври, реализираа превентивна активност под мотото „Стави појас при управување возило“. Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека оваа превентивна активност е реализирана на повеќе локации во Кавадарци.
-Преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им се укажуваше на обврската за безбедно управување со возило, задолжителнито носење на сигурносен појас и прилагодување на брзината спрема условите на патот како едни од најважните правила во насока на елиминирање на можностите од сообраќајни несреќи, додаваат од МВР.
Воедно на возачите и другите учесници во сообраќајот им беа делени летоци со едукативна содржина изготвени во соработка со РСБСП.
Дума.мк