Притвор за велешанец којшто се заканувал на три лица дека ќе ги убие

Објавено на 10 мај, 2022 во 15:28

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Од Основното јавно обвинителство Велес соопштија дека на 12 април, осомничениот, пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие.

-Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за приближување односно воспоставување и одржување контакти или врски со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува, пишува во соопштението на ОЈО Велес.

Поради сомнение за бегство и фактот определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, јавниот обвинител му предложи на Основниот суд во Велес да ги укине мерките и на осомничениот да му определи мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и на осомниченото лице му определиле притвор.​

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.