Приведен кавадарчанец, пронајдена дрога и пари
Објавено на 9 јануари, 2024 во 12:06

Дваесет и седум годишниот О.Н од Кавадарци, вчера, попладнето во 16:15 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
-При преглед кај него биле пронајдени и одземени 75 таблети екстази, бела прашкаста материја и пари. По претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје од Кавадарци извршиле и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена марихуана, соопштија од СВР Велес.
Кавадарчанецот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
