Приведен крадец во Кавадарци

Објавено на 13 април, 2022 во 12:50

Полициски службеници од Полициска станица Кавадарци, во текот на вчерашниот ден, на улица „Кочо Рацин“ во Кавадарци, го лишеле од слобода дваесет и четири годишниот А.К од село Дреново.

-Тој бил затекнат при извршување кражба во патничко возило „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека, А.К бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.