Приведен крадец во Велес
Објавено на 24 август, 2022 во 12:08
Четириесет и четири годишниот велешанец С.М претходниот месец, поточно, на 8 јули, од угостителски објект во Велес украл повеќе предмети. Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес во текот на вчерашниот ден го лишеле од слобода.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева