Приведен лихвар од Велес

Објавено на 29 април, 2021 во 12:49

Поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, полициски службеници, вчера, околу 15:40 часот, го лишеле од слобода 44 годишниот А.С. од Велес. Лишувањето од слобода се случило на улица „Петре Прличко“ во Велес, во момент кога лихварот зел обележани банкноти од 33 годишен маж од Велес.

Велес, улица „Петре Прличко

Според информации на СВР Велес, 33 годишниот маж го пријавил лихварот во полициската станица во Велес, кога соопштил дека земал од него 100 евра  во денарска противвредност, во  периодот од мај 2020 до април 2021 годинаи со притисоци и закани прво му вратил околу 30.000 денари но бил изложен на ново побарување од уште 90.000 денари, според лихварот по основ на камата.

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на А.С. при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација, нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари, пишува во информацијата на СВР Велес.

Лихварот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели: