Приведен малолетен кавадарчанец кој крадел велосипеди
Објавено на 5 септември, 2023 во 09:52
Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 14:00 часот лишеле од слобода 15 годишен малолетник од Кавадарци за кој постои сомнение дека крадел велосипеди.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк