Приведен маж од село Мелница за недозволено држење оружје и муниција
Објавено на 27 јануари, 2025 во 14:19
Полициски службеници на Полициското одделение Чашка, вчера утро, во 9:30 часот, го лишиле од слобода Џ.К.(49) од село Мелница, општина Чашка. Тој немал документ а имал пушка и куршуми.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија дрога и оружје при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка пронашле и одзеле ловечка пушка „Бајкал“ и патрони со калибар 12 за пушката. Џ.К. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Стефани Манева