Приведен велешанец, при контрола на возило приложил фалсификувана возачка дозвола

Објавено на 19 мај, 2022 во 12:08

На ескпресен пат Штип – Велес, полициски службеници за безбедност на сообраќајот при СВР Штип на 17 мај, околу 22:40 часот го лишеле од слобода дваесет и пет годишниот Е.С

– При контрола на возилото „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, на увид приложил фалсификувана возачка дозвола, пишува во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека за настанот бил известен Јавен Обвинител и Е.С бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.