Приведен велешанец во Штип, пронајдени различни видови на дрога

Објавено на 6 декември, 2023 во 14:51

Педесет и пет годишниот велешанец Л.М, вчера, во 06:30 часот, заедно со триесет и четири годишниот И.В од Штип биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип.

-При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Л.М., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела материја, дигитална вага и други предмети поврзани со делото, пишува во дневниот билтен на МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.