Прогнозерот Поповски: „Нема опасност од нови мразеви- следи променливо, но пролетно топло време!“

Објавено на 12 април, 2025 во 12:45

„Во периодот од 14 до 21 април во Македонија ќе имаме период со пролетни температури на воздухот, што значи ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса, но и покрај ова ќе имаме променлива облачност и појава на повремен локален дожд, кој повремено ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер.

Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Слично време ќе имаме  и во Скопскиот регион.

Што се однесува до температури, тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, или ќе бидат близу или околу 20 степени, а во Повардарието, како и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 25 степени. И во Скопскиот регион за време на овој период температурата ќе надминува 20 степени.

Да напоменам дека  и минималните утрински температури на воздухот насекаде ќе бидат позитивни, однсоно над нулата и не очекувам појава на мраз,“ објави метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.