Пролетна генералка во Велес (фото)

Објавено на 21 март, 2023 во 12:29
Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

По повод пристигнувањето на пролетта се одржа еко акција кај спортското игралиште лоцирано во економското училиште во Велес. Смет се собираше околу спортските терени како и бреговите на река Вардар.

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Во акцијата што ја организираше Општина Велес учество земаа градоначалникот Марко Колев, вработени во одделението за животна средина при Општина Велес како и во ЈКП „Дервен“, потоа, ученици од економското училиште, младинскиот работник и волонтерите на Младински центар Велес како и на Клуб на млади на фондација „Фокус“ и членовите на Локален младински Совет.  

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Акцијата траеше еден час и беа собрани околу 10 метри клубни смет.

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Инаку, на првиот ден од пролетта сите учениците од основните и средни училишта во Велес организираа еколошки активности во нивните училишта. Дел од нив реперираа клупи, засадуваа дрвца и темелно ги чистеа дворовите.

Стефани Манева  

фото:

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта

Фото: Еко акција по повод денот на пролетта
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.