Пронајден починат велешанец во неговиот дом и донесено починато дете во Општа болница Велес
Објавено: 23 јануари, 2026, во 12:32 часот
Педесет и осум годишниот Н.Н од Велес бил пронајден починат вчера доцна попладне во неговиот дом.
„Во 18:25 часот во Сектор за внатрешни работи Велес е пријавено дека во домот во Велес бил пронајден починат Н.Н.(58) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на Судската медицина за обдукција. Увид бил извршен од увидна екипа на СВР Велес, соопштија од велешката полиција.
Еден час и 20 минути подоцна на Детско одделение во ЈЗУ Општа болница Велес било донесено и починато шест годишно дете од Градско.
„Во 20:23 часот во СВР Велес е пријавено дека во 19:45 часот на детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестгодишно дете од Градско, кое имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По насоки на јавен обвинител телото е дадено за обдукција, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


