Пронајден починат велешки планинар кај ГРООТ

Шеесет и едно годишниот С.П од Велес е пронајден починат откако бил пријавен за исчезнат во текот на вчерашниот ден. Тој вчера утрото излегол на планинарење и не се вратил дома по што неговата сопруга во 21:15 часот го пријавила за исчезнат во Сектор за внатрешни работи Велес.
Од Центар за управување со кризи соопштија дека лицето е пронајдено починато и потрагата официјално ја воделе МВР а во текот на ноќта покрај членовите на семејството во потрагата учествувал и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели.
-Утрово немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР, соопштија од ЦУК.
Оттаму додаваат дека немаат информации за причините за смртта.
Дума.мк
